ФУДБАЛ

Герет Бејл најде нов клуб!

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл (32) е пред потпис за новиот клуб.

Искусниот 32-годишен Велшанец во наредните денови би требало да стане нов член на МЛС тимот Лос Анџелес ФК, а договорот наскоро треба да се официјализира.

Така Бејл кариерата ќе ја продолжи во САД откако претходните девет години играше за Реал Мадрид со кој освои апсолутно се што можеше.

Нема сомнеж дека 32-годишниот напаѓач ќе биде голема ѕвезда на МЛС, а Лос Анџелес ќе добие огромно засилување во него.

 

Герет Бејл размислуваше за пензионирање. Сепак, како што го однесе Велс на Светското првенство во Катар, реши да ја продолжи кариерата, па во наредните месеци ќе го гледаме во дресот на ЛАФЦ.

 

Одличниот Велшанец за Реал за девет години одигра 258 натпревари на кои постигна 106 гола и 67 асистенции, додека во дресот на Тотенхем на 237 натпревари имаше 72 гола и 60 асистенции.

ЛАФЦ неодамна доби и засилување во одбраната, а нов член на клубот стана прекалениот италијански дефанзивец Џорџо Киелини.