ФУДБАЛ

Герет Бејл повторно ги исмејува навивачите на Реал Мадрид

Герет Бејл во моментов се подготвува со репрезентацијата на Велс пред да заигра во Лигата на нации.

Велшаните веќе утре играат на гостински терен против Финска, додека во недела ќе играат против Бугарија во Кардиф. Најголема надеж е Бејл, кој претходните месеци не играше за Реал Мадрид.

Прашањето е во каква форма е Бејл затоа што тој нема играно со месеци, но јасно е дека од него се очекува да стори најмногу. Бејл повторно се најде во центарот на вниманието затоа што уште еднаш ги испровоцира навивачите на Реал.

Познато е дека Бејл не е во добри односи со навивачите на Реал кои му свиркаа на домашните натпревари на овој клуб. Подоцна, работите се влошија кога тој се фотографираше со знаме на кое пишува дека голфот и Велс се на неговиот приоритетен список пред Реал Мадрид.

Вечерва Бејл реши да ги испровоцира фановите на кралскиот клуб, и рече дека е убаво да се биде на место каде повеќе те ценат и поддржуваат.

„Убаво е да се вратиш на место каде што добиваш поголема почит и поддршка од своите обожаватели“, рече Бејл.