Реал Мадрид вчера во Виго ја совлада Селта со 2:1 и го продолжи маршот кон шпанската титула.
Кралевите до триумфот дојдоа со головите на Карим Бензема од пенал, па на осум кола до крајот мадриѓаните се далеку пред сите на табелата во Ла Лига.
Сепак, добро е познато дека Реал Мадрид во тимот има сериозни проблеми со однесувањето на поединечни играчи. Пред се е Герет Бејл.
Велшанецот одамна беше отпишан во Мадрид. На крајот на сезоната тој ќе го напушти клубот, но дотогаш дава се од себе за да го објави своето име во шпанските медиуми.
Тој на вчерашниот натпревар покажа колку се грижи за Реал Мадрид. Започна вториот дел од натпреварот на Балаидос и Бејл полека тргна кон клупата за резерви.
Тој и Маријано Дијаз не излегоа од соблекувалната со остатокот од тимот. Очигледно не им било важно дали ќе се појави таму, па направиле половина круг за воопшто да седнат на клупата.
Ова е само уште еден во низата потези со кои Бејл покажа дека апсолутно не му е грижа што ќе се случува во Реал, бидејќи по девет години ќе си замине на крајот од сезоната.
Герет Бејл одигра 256 натпревари за кралскиот клуб и постигна 106 голови. Неговата годишна плата е 34 милиони евра.