ФУДБАЛ

Германецот кој го спасил Ериксен ги откри неговите први зборови на теренот откако ги отворил очите

Германскиот лекар Јенс Клајнфелд зборува за трогателниот момент кога Кристијан Ериксен повторно ги отвори очите и зборуваше по шокантниот и скоро трагичен момент за време на натпреварот Данска – Финска.

Кога Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на Европското првенство против Финска во саботата, медицинскиот персонал на стадионот постапи експресно. Покрај тоа, на Ериксен многу му помогнаа и Симон Кјаер и други соиграчи.

Клајнфелд беше меѓу првите што му пријдоа на Ериксен во спасувачката операција и сега раскажа како изгледаше.

“Околу 30 секунди подоцна тој ги отвори очите и јас можев директно да разговарам со него. Тоа беше трогателен момент. Во такви итни медицински интервенции во секојдневниот живот, шансата за успех е далеку помала”, признава Клајнфелд.

„Кога Ериксен ги отвори очите, рече: ‘Проклетство, имам само 29 години.’ Веднаш знаев дека срцето на Ериксен не е оштетено ’, раскажува германскиот лекар.

Денеска во 18:00 часот Данска ќе одигра уште еден натпревар на Европското првенство против Белгија без Кристијан Ериксен.