Германскиот фудбалски сојуз ги објави бонусите што ќе ги добијат бундеслигашите при учеството на Светското првенство во Катар годинава.
Секој играч ќе добие 50.000 евра за победа во групата, 100.000 евра за пласман во четвртфиналето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето.
Третото место е проценето на 200.000 евра, а второто место на 250.000 евра. За освојување на Мундијалот Германците ќе заработат бонус од 400.000 евра.
Германија е во иста група со Шпанија, Јапонија и Костарика.