ФУДБАЛ

Германската фудбалска асоцијација под истрага: Има сомнение на затајување данок

Германското државно обвинителство и даночната администрација започнаа истрага против германскиот фудбалски сојуз.

Обвинителството во Франкфурт денес објави дека започнале истрага под сомнение за затајување данок.

Во соопштението, меѓу другото, се наведува дека шест поранешни и сегашни функционери на Германската фудбалска асоцијација се осомничени за намерно погрешно пријавување на приходите од рекламирање на стадиони во 2014 и 2015 година како приход од управување со средства. Сето ова доведе до затајување данок во износ од 4,7 милиони евра.

Пребарувани се неколку локации во пет германски провинции, а обвинителството не ги откри имињата на шесте лица осомничени за учество во нечесните дела.