ФУДБАЛ

Германскиот министер верува дека Бундеслигата треба да продолжи

Германскиот министер за внатрешни работи и спорт Хорст Сехофер го поддржа продолжението на Бундеслигата во мај.

Во Германија, со сите сили се обидуваат да и пркосат пандемијата на коронавирус и да продолжат со фудбалот, и се чини дека тоа ќе се случи.

„Сметам дека распоредот што го предложи германската фудбалска лига е остварлив и јас го поддржувам продолжувањето на сезоната во мај“, изјави Сехофер за „Билд“.

Во среда, германските власти по средбата ќе одлучат дали да ја продолжат сезоната, која беше прекината на 13 март, а преостанати се девет кола.

Клубовите во Бундеслигата и 2-та Бундес лига веќе започнаа со тренинзи за лесно да го поздрават евентуалното продолжување на првенството.

Се потсетува дека засега само Франција, Холандија и Белгија решија да ја прекинат сезоната, додека Германија, Италија, Англија, Шпанија и другите европски лиги, се обидуваат да се борат за регуларен крај на сезоната.

ПОВРЗАНО

Бундеслига