Фудбалерите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се согласија да им се намалат платите се додека фудбалот е стопиран поради пандемијата „Ковид 19“.
„Билд“ пренесува дека фудбалерите на Дортмунд се согласиле да добијат 80% од платата се додека не се игра фудбал, а нивните колеги од Минхен ги следеа нивните чекори.
Трошоците за плата на Дортмунд се 140 милиони евра годишно и со овој потег клубот се очекува да заштеди околу 2,3 милиони евра месечно. Оваа мерка се очекува да помогне во задржување на уште 850 вработени.