ФУДБАЛ

Германските медиуми знаат кој ќе ги води на ЕП!

Ханси Флик вчера доби отказ, а нов селектор на Германија треба да биде Јулијан Нагелсман.

Германските медиуми не гледаат друг кандидат за клупата на „елфовите“, приказната околу Јирген Клоп се уште не е реална, па оваа недела треба да ја отстрани и дилемата кој ќе ја води репрезентацијата во еден од најтешките моменти во историјата. .

Флик не заврши добро, не ја мина групата на Мундијалот, а последниот пораз во серија во пријателски меч скапо го чинеше. Јапонија во саботата во Волфсбург ги декласираше Германците со резултат 4:1.

Нагелсман е без работа од крајот на минатата сезона кога неочекувано доби отказ од Баерн, а летово беше на прагот да го преземе Тотенхем.

Сега има покана од Германија, која тешко се одбива, на неполни 10 месеци пред Европското првенство на кое оваа земја ќе биде домаќин.