Марио Геце и Андреа Шурле се добри пријатели многу години и сега се подготвени за необично заедничко вложување.
Според извештаите од Германија, поранешните светски шампиони со Елф одлучиле да инвестираат во компанијата Санити, која се занимава со производство на легален канабис.
Портпарол на компанијата потврди дека преговорите се во тек. Интересно, Геце и Шурле не се единствените кои планираат да инвестираат.
Денис Аого, кој целата своја кариера ја помина играјќи во Бундеслигата, а извесно време беше и репрезентативец на Германија, исто така има намера да инвестира пари.
Според претходните информации, инвеститорите треба да инвестираат бројка од околу 22 милиони евра.