Мечевите на Хамбургер и Сент Паули во Германија секогаш привлекувале големо внимание, а навивачите на двата клуба сосемо сигурно се сеќаваат на дербито до 2011-та.
Славеше Сент Паули со резултат 1:0 и тоа за прв пат по 1977-ма година, а еден од јунаците на победничкиот тим беше голманот Бенедикт Плике. Освен тоа што феноменално бранеше, тој се истакна и со провокациите на противничките играчи и навивачи.
Девет години подоцна се смениле многу работи во животот на некогашниот голман на Сент Паули.

-Ја затворив фудбалската книга, а отворив една нова, изјави Бенедикт Плике за германските медиуми и додава:
-Што се однесува до мојата лична слободна можам да кажам дека денеска сум многу посреќен. Слободен сум и не морам да внимавам на некои работи на кои морав да внимавам во текот на професионалната кариера.

Она со што се занимава денеска нема никакви допирни точки со фудбалот. Имено, некогашниот голман раководи со 23 продавници за секс играчки. Има исто толку вработени, но поради коронавирусот сите се на принуден одмор.
-Во октомври минатата година влегов како најголем партнер на синџирот на продавници за секс играчки. Можам да ви кажам дека работата ме прави среќен, изјави Плике.
Тој освен за Сент Паули бранеше за Лубек и австриски Штурм.