Групната фаза на Мундијалот влезе во последното коло кое трае до петок, а потоа веќе во сабота стартуваат осминафиналните натпревари.
Денеска го добивме конечниот резултат во групите А и Б, Холанѓаните и Англичаните ги оправдаа улогите на фаворити и очекувано ги задржаа првите места, со што ги закажаа дуелите со Сенегал и САД.
Првиот осминафинален натпревар ќе го одиграат Холандија и САД, в сабота од 16 часот, додека Англија и Сенегал ќе играат ден подоцна, во недела од 20 часот.
Утре се натпреварите од групите Ц и Д, кога ќе дознаеме кој ќе игра против Французите во недела од 16.00 часот, тоа може буквално да бидат сите – Полска, Аргентина, Мексико или Саудиска Арабија, а една од тие четири селекции ќе игра против Австралија или Данска, а можеби и Тунис во сабота од 20.00 часот, но да го почекаме исходот…
Значи:
Сабота 16.00 часот: Холандија – САД
Недела 20.00 часот: Англија – Сенегал