Реал Мадрид минатиот викенд успеа да ја освои 35-та шпанска титула.
Кралскиот клуб во саботата пред своите гледачи го совлада Еспањол со убедливи 4-0 и на четири кола пред крајот на првенството успеа да обезбеди нова шпанска титула.
Во саботата во центарот на градот во Мадрид имаше голема прослава, бидејќи навивачите со автобус кружеа по улиците, а на главниот плоштад имаше вистинска забава.
По освојувањето на титулата, Реал Мадрид доби честитки од речиси сите клубови, а Барселона меѓу првите му ја честиташе 35-та шпанска титула на најголемиот ривал.
Сепак, шпанската јавност беше на удар од Атлетико Мадрид, кој беше единствениот кој не се појави на социјалните мрежи и му ја честиташе титулата шампион на градскиот ривал.
За тоа добија големи критики челниците на Атлетико Мадрид, но денеска Марка објави дека сепак му честитале на Реал за титулата, но дека тоа го направиле на малку неочекуван начин.
Имено, Атлетико Мадрид реши да испрати писмо на адреса на кралскиот клуб во кое му ја честита освоената титула на градскиот ривал, со што го симна тимот од Ванда Метрополитен од тронот.
Многумина се изненадени што решиле во Атлетико на таков начин да му ја честитаат титулата на Реал, но од овој клуб порачаа дека политиката на клубот е секогаш да му честита на шампионот без разлика за кој клуб се работи.
Атлетико беше изненаден од критиките кои ги доби поради тоа што не му честиташе на Реал на социјалните мрежи, но од мадридскиот клуб објаснија дека тоа традиционално го прават со години испраќајќи писмо на адресата на победничкиот клуб.
Тоа го направија неодамна кога Бетис го освои Купот на кралот, а испратија и писмо и честитки до клубот од Севиља, а тоа не го направија преку социјалните клубови како повеќето клубови во Шпанија.