Јануари е резервиран за трансфери низ фудбалска Европа, а еден интересен ни доаѓа од Германија.
Бохум во своите редови го доведе Јирген Локадија (28) од Брајтон.
Споменатиот фудбалер игра на позицијата крилен напаѓач и напаѓач, а интересно се поврзуваше со Ливерпул пред една година, но трансферот не се оствари.
Пред Брајтон играше за ПСВ, Хофенхајм и Синсинати, а престојот во Хофенхајм покажува дека Бундеслигата нема да му биде непозната.
Локадија собра 36 настапи за младинските селекции на Холандија и постигна 14 гола, а нејзината моментална вредност е три милиони евра.
Уште една интересна работа кај овој фудбалер е тоа што беше на мета на Ајакс уште додека беше во младинските категории на ПСВ, но тимот од Ајндховен не сакаше да му го продаде Локадија на најголемиот ривал.