Македонскиот репрезентативец Енис Барди кој игра за Леванте е номиниран за најдобар играч во осмото коло од шпанската Ла Лига.
Барди со прекрасен гол од слободен удар против Хетафе му донесе нова победа и нови три бода на Леванте, благодарение на овој гол Барди е номинран за најдобар играч во осмото коло.
Покрај Барди, во трката за најдобар играч на колото се Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Пабло Сарабија (Севилја), Езекиел Гарај (Валенсија).

На оваа листа Барди се наоѓа на второто место со 1100 гласови додека прв на листата е Пабло Сарабија со 2300 гласови.
Доколку сакате да гласате за Барди за да ја бодие оваа индивидуална награда, тоа може да го направите Тука.