Фудбалерите на Баерн денеска ќе се натпреваруваат со Лион во полуфиналето на ЛШ.
Екипата од Минхен се пласираше во полуфиналето, откако во четвртфиналето ја уништи Барселона со 8-2, додека Лион беше подобар од Манчестер Сити со 3:1.
Сепак, фудбалерите на Ханс Флик се уште се цврсто на земја, не опуштени, и покрај одличниот настап во четвртфиналето:
“Сите слушнаа за натпреварот со Барселона, но ова е друг натпревар сега. Полуфиналето. Тие ќе се подготват добро и нема да биде лесно. Мораме да бидеме фокусирани и подготвени од првата минута”, рече Серж Гнабри на прес-конференција.
“Знаеме дека ги победија Јувентус и Манчестер Сити, а тие екипи беа фаворити. Сега се чини дека ние сме фаворити и мора да бидеме внимателни”, вели Гнабри.
“Секој играч беше изненаден од резултатот против Барселона. Не можевме да веруваме што се случи, но сакаме уште повеќе. Сакаме да ја освоиме титулата”, заклучи играчот на Баерн, кој беше еден од стрелците на натпреварот против Барселона.
Подобриот од дуелот меѓу Баерн и Лион ќе биде противник на ПСЖ, кој синоќа го совлада РБ Лајпциг со 3:1.