Фудбалерите на Баерн синоќа го добија својот гостински натпревар против Челзи со резултат 0-3 и со тоа скоро сигурно обезбедија премин во следната рунда од Лигата на шампионите.
Херој на победата беше Гнабри, кој за два минути постигна два гола за својот тим.
Откако играше во дресот на Арсенал, пред да се приклучи на Баерн, Гнабри реши да им испрати порака на навивачите на Челзи по овој натпревар.
Тој накратко на својот профил на Твитер напиша „Лондон е сеуште црвен“, алудирајќи на ривалството меѓу Арсенал и Челзи.
London still red.. #FCB pic.twitter.com/3108THrtzv
— Serge Gnabry (@SergeGnabry) February 25, 2020