Карлос Тевез ја предводеше Бока јуниорс до победата во осминафиналето на Копа Либертадорес на гости во Порто Алегре против Интернационал.
Легендарниот напаѓач го постигна единствениот гол на натпреварот, а решавачкиот момент се случи во 63. минута кога Карлитос маестрално се снајде во шеснаесетникот и погоди за 0:1.
Очекувано, Тевез го посвети голот на Диего Марадона, икона на аргентинскиот фудбал и негов идол, кој почина минатата недела на 60-годишна возраст.
Тој го соблече дресот. Под него беше десетката на Марадона што ја носеше во Бока, и тој ја бакна капитенската лента на која се наоѓаше и фотографија од најголемиот аргентински фудбалер на сите времиња.
https://twitter.com/LPachielat1/status/1334374903626264576