ФУДБАЛ

Го допре дното, а можеше да биде еден од најдобрите во светот, Пол Погба суспендиран на четири години!

Фото: Juventus Fc - Ac Monza Paul Pogba of Juventus Fc during the Serie A match beetween Juventus Fc and Ac Monza at Allianz Stadium on January 29, 2023 in Turin, Italy . Torino Allianz Stadium Italy Copyright: xMarcoxCanonierox

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и француската репрезентација Пол Погба е дисквалификуван на четири години поради прекршување на антидопинг правилата, објави италијанскиот новинар Николо Шира.

На 11 септември 2023 година, се дозна дека Погба имал позитивен допинг тест по натпреварот со Удинезе (3:0) во 1. коло од италијанската Серија А. Во телото на фудбалерот било откриено зголемено ниво на тестостерон – значително повисоко од нормата.

Повторениот допинг тест исто така даде позитивен резултат. Како што е познато тој е суспендиран и од Јувентус и веќе не ги добива милионските суми на основа на плата, туку само нешто повеќе од 2000 евра месечно.

ПОВРЗАНО

Серија А