Фудбалот во Шпанија конечно продолжи по тримесечна пауза, но јасно е дека натпреварите ќе се играат пред празни трибини до крајот на сезоната. Лидерот Барселона вечерва игра против Мајорка и сè, освен победата на гостите ќе биде изненадување.
Шпанските медиуми пишуваат дека Лионел Меси ќе биде особено мотивиран за овој натпревар, затоа што во претходниот судир против Мајорка, тој имаше судир со тренерот на овој тим, Висенте Морено.
Тој натпревар се одигра на 7 декември минатата година, а Барселона успеа да слави со 5:2. Морено во првото полувреме влезе во вербален судир со Меси затоа што го обвини дека симулирал, а тоа не му се допадна на Аргентинецот.
Морено не беше во право бидејќи тоа беше очигледен фаул над Меси и тој само создаде проблем за својот тим затоа што Аргентинецот реши да ја „уништи“ Мајорка во тој натпревар.
“Играчите беа лути на мене по натпреварот затоа што јас го налутив Меси. Тој навистина беше лут и на полувремето во тунелот ми рече дека ќе постигне седум гола. Тие не успеаја да го направат тоа, но тој сепак ни даде три гола. Без сомнение, тој е најдобриот фудбалер во светот. Тој е генијалец кој ве воодушевува цело време. Ќе биде тешко за нас без навивачи, но ќе се обидеме да понудиме што е можно поголем отпор”, рече Морено.