Лео Меси погоди на вчерашното реми против Валенсија. Аргентинецот го постигна својот 643. погодок со Барса, израмнувајќи го рекордот на Пеле.
33-годишникот има исто толку голови колку што постигна Пеле со еден клуб и сигурно ќе ја надмине легендата на Бразил. Пеле од друга страна му остави желба на Меси.
„Кога срцето се прелева од љубов, тешко е да го смените патот. Исто како тебе, знам како е да сакаш да носиш ист дрес секој ден, и исто како тебе, знам дека нема ништо подобро од тоа каде што се чувствуваме како дома“, – вели легендарниот Пеле .