ФУДБАЛ

Го напушта Јувентус, но и Европа: Кјелини веќе има нов клуб

Искусниот италијански дефанзивец Џорџо Киелини ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.

Киелини во Јувентус пристигна во 2005 година од Фиорентина и веќе 17 години е член на овој клуб. Сепак, Киелини најави дека летово ќе ја напушти Старата дама иако има договор на уште една година.

37-годишниот минатото лето го продолжи договорот до летото 2023 година, но во разговор со челниците на Јувентус одлучи дека е најдобро да го напушти клубот од Торино на крајот од оваа сезона.

 

Киелини е свесен дека е на залезот на кариерата и дека веќе не е во формата каква што беше, па е решен да му го препушти местото на помлад играч.

 

Иако се шпекулираше дека би можел да ја заврши кариерата, сега е јасно дека тоа нема да се случи. Киелини ќе игра барем уште една сезона, а медиумите на Апенините наведуваат дека од лето ќе играат во САД.

 

Киелини веќе договорил се со Лос Анџелес и кариерата ќе ја продолжи во дресот на овој американски клуб. Наводно договорот ќе биде потпишан следната недела кога ќе биде официјализирано неговото заминување во ЛАФЦ.

Овој дефанзивец одигра дури 560 натпревари за Јувентус и цели 17 години беше член на тимот кој доминираше на Апенините.