ФУДБАЛ

„Го натерав Гатузо да јаде полжави, сакаше да не убие сите“

Играјќи за Милан и за италијанската репрезентација, Андреа Пирло и Џенаро Гатузо освоија речиси се што може да се освои.

Командувајќи го средниот ред на Милан, заедно освоија две Лиги на шампиони.

Првиот трофеј дојде во 2003 година на Олд Трафорд, а вториот четири години подоцна. Милан во Атина го победи Ливерпул со 2-1 и им се реваншираше на „црвените“ за поразот во тој легендарен меч во Истанбул во 2005 година.

https://youtu.be/ZEsrRIhalGw

На меѓународен план, Пирло и Гатузо повторно го достигнаа својот врв со освојувањето на Светското првенство во 2006 година.

Повторно беше победа во драматични околности, со победа од 5:3 на пенали над Франција. Пирло го реализираше првиот пенал за „аѕурите“ во ноќта за паметење за италијанскиот фудбал.

https://youtu.be/fhAgsphmIBg

Сепак, нивното пријателство еднаш беше ставено на сериозен тест.

Двајцата стари колеги се сретнаа на вечера ноќта пред финалето на италијанскиот Суперкуп во јануари минатата година, на која Јувентус славеше со 2:0 против Наполи.

На клупата на Старата дама во тој момент седеше Пирло, а на Наполи седеше Гатузо. Според AreaNapoli, Пирло се пошегувал и рекол:

„Ајде Џенаро, ако го јадеш (полжавot), ќе ти дадеме 10.000 евра.

Гатузо, познат по својот огнен и борбен стил, не ја сфати шегата толку лесно.

„Го зеде полжавот и го фрли. Избегнавме поголем проблем. Сакаше да не убие сите“, низ насмевка изјави Пирло.