И Реал Мадрид блескаво ја започна оваа сезона, освојувајќи само една победа по друга.
Секако, смртоносното дуо на овој клуб, иако нешто повозрасно од останатиот дел од тимот, го сочинуваат Карим Бензема и Лука Модриќ, без кои е тешко да се замисли првиот состав на Реал.
Лука Модриќ ќе пропушти неколку од следните натпревари на својот клуб поради повреда на мускулот со која се здоби на репрезентативните натпревари.
Сепак, доброто е што Карим Бензема се опорави од повредата и е подготвен за натпреварот од седмото коло во домашното првенство што Реал Мадрид го игра против Осасуна.
Бензема беше надвор од терените повеќе од три недели, а причината беше повреда на тетивата и бутниот мускул. И покрај повредата, тој во досегашните шест одиграни натпревари постигна четири гола во сите натпреварувања.
“Се чувствувам добро и со нетрпение го чекам натпреварот кој го играме во недела. Денеска го одработив првиот тренинг. Во последно време трчам многу и тренирам сила. Тренирам и дома”, изјави Бензема. рече и продолжи:
“Имаме одличен тим. Нема разлика помеѓу луѓето кои го започнуваат натпреварот или оние кои доаѓаат од клупата и го завршуваат. Во нашите глави, само знаеме дека треба да победуваме на секој натпревар”, заклучи Бензема.
Извесно е дека Бензема е клучен играч за Реал Мадрид, а особено беше таков во последната сезона кога со своите голови ги доведе до титулата пред се во Лигата на шампионите.
Неговото враќање е голема работа, а би бил голем удар за тимот доколку и тој и Лука Модриќ бидат истовремено надвор од теренот.
Вака, кога ќе се врати Бензема, сигурно е дека на Анчелоти ќе му биде многу полесно да го состави тимот што ќе го изнесе на теренот на следните натпревари.