ФУДБАЛ

Го нема Роналдо, нема мотивација за Меси?

Реал Мадрид не застана добро во првото полувреме, но потоа постигна два гола во второто и славеше во синоќешното „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал славеше со 2-0, па уште еден судир меѓу Кралевите и Барселона мина без гол или асистенција од Лионел Меси.

Можеби на Лионел Меси му недостасува мотивација во дербито „Ел Класико“?

Всушност, аргентинскиот ас не постигна гол, ниту забележа асистенција во пет дуели со Реал Мадрид, откако „вечениот ривал“ го напушти кралскиот клуб, Кристијано Роналдо.

Оваа информација е уште позабележителна ако знаеме дека Меси последен пат погоди против Реал, пред заминувањето на Роналдо. Значи, во последното одмерување на силите со Португалецот постигна гол. Тоа беше во пролетта 2018 година на „Камп Ноу“ а резултатот беше 2:2.

Првото „Ел Класико“ без Роналдо го промаши и Меси поради повреда, по што играше пет, два во Купот на кралот и три во ЛаЛига.

Ова се чини дека е аргумент за секој што тврди дека Меси и Роналдо се „туркаат“ еден со друг за да бидат подобри…