Италијанскиот шампион Јувентус вчера беше обвинет за местење на натпревари во Серија А.
Директорот на телевизиската мрежа „Раи 2“, Карло Фрекеро, јавно го обвини Ториновиот гигант за контролирање на видео технологијата и тврди дека Јуве победува бидејќи управува со ВАР.
По добивањето на прашањето дали „Раи 2“ ќе им понуди повеќе фудбалски содржини на гледачите, Фрекеро даде сосема бизарен и неверојатен одговор.
„Јас само ја следам Премиер лигата, зошто? Во Италија, Јувентус секогаш победува, бидејќи го контролира ВАР системот“, кажа Фрекеро.
Фрекеро наскоро беше повикан на состанок со водачите на „Раи Спорт“ за да ги објасни своите постапки и изјави, и на крај се извини на Јувентус и на сите фанови на овој клуб.
„Јас само се шегував“
Фрекеро ги опиша неговите изјави како шега, бидејќи тој е човек кој се заснова на жестоки шеги низ целиот свој живот.
„Им реков дека сум се шегував цело време. Знам дека Јувентус има огромен број на фанови и тоа покажува каков клуб се. Луѓето ми кажаа дека се чувствуваат навредени, но јас само се шегував. Сакав да донесам некоја забава на шоуто. Само фудбалот може да биде забавен“, рече Фрекеро додавајќи:
„Жал ми е Јувентус. Се поклонувам и се извинувам, но останувам на ставот дека не требаше да добијат пенал против Сампдорија“, рече директорот на „Раи 2“ телевизија.
По овие изјави, Бјанконерите мислеа да ја бојкотираат оваа телевизија и ќе видиме дали на крајот ќе дојде до тоа.