Аргентинскиот дефанзивец Маркос Рохо речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона.
Рохо не се изнаигра во англискиот клуб оваа сезона, бидејќи играше само четири натпревари и се чини дека повеќе не е во плановите на тренерот Солскјаер.
Англиските медиуми објавија дека Рохо повеќе не тренирал со првиот тим на Манчестер Јунајтед, а последен пат за Црвените Ѓаволи, тој играл во Валенсија во декември.
Овој 29-годишен фудбалер моментално е во Аргентина, а тој исто така тренира и со поранешниот тим Естудијантес. Ова е јасен доказ дека Јунајтед не смета на него, и дека на крајот од сезоната речиси сигурно ќе го напушти клубот.
Рохо се враќа во Манчестер до крајот на оваа недела, но веројатно ќе тренира со резервниот тим.
Аргентинецот пристигнал на Олд Трафорд во 2014 година од Спортинг, и сé уште има договор кој важи уште два години.