Еден од најдобрите фудбалери во претходната деценија Еден Азар се пензионираше на 33 години.
Бројните повреди по доаѓањето во Реал Мадрид од Челзи за 1115 милиони евра, неуспехот да се адаптира, освојувањето титули без него како главен играч, доведе до губење на желбата кај Белгиецот.
„Порано реков дека ќе ја завршам својата играчка кариера кога ќе престанам да чувствувам радост на теренот. Не сакав да одам во друг клуб и да играм таму за пари. Не уживав во тренинзите и не играв повеќе. Одлуката беше лесна“, рече Азар за белгиски Авенир.
Азар во кариерата играше за Лил, Челзи и Реал. За репрезентацијата на Белгија постигна 33 гола на 126 натпревари.
За Реал одигра само 76 натпревари и постигна седум гола со 12 асистенции. За Челзи настапи на 352 натпревари и 110 пати се запиша во листата на стрелци, а имаше и 92 асистенции.
