Го платија 100 милиони, а Тен Хаг не можел да поверува како го игнорирал

Written by

in

Манчестер Јунајтед на крајот од летниот преоден рок го доведе Антони за цели 100 милиони евра од Ајакс.

Антони долго време беше на мета на „црвените ѓаволи“, но проблем беше цената што Ајакс му ја постави на овој Бразилец, а холандскиот клуб до последен момент не се откажа од тоа.

На крајот, Манчестер Јунајтед се согласи да плати дури 100 милиони евра за овој 22-годишен фудбалер, што за многумина беше премногу.

 

Сепак, во своето деби за Манчестер Јунајтед против Арсенал, Антони успеа да постигне гол и да ги израдува навивачите на „Олд Трафорд“. Сепак, по дебаклот во градското дерби не доби толку добри критики.

Манчестер Јунајтед викендов на „Етихад“ беше поразен од Сити со 6:3, а на полувремето веќе беше 4:0 за домашниот тим.

Фудбалерите на Јунајтед го одиграа веројатно најлошиот натпревар оваа сезона, а на удар на критики се најде токму Антони, кој изгледаше целосно отсутен против Сити.

 

Англиските медиуми пренесуваат дека Ерик тен Хаг бил особено лут на Бразилецот на полувремето бидејќи чувствувал дека воопшто не го почитува она што го договориле во соблекувалната и дека целосно го игнорирал тоа што му го кажал.

Тен Хаг го замоли Антони да му помогне на Далот што е можно повеќе во одбраната кога Сити напаѓа, но Бразилецот не го направи баш онака како што се очекуваше.

Десната страна беше најлошата алка на Јунајтед во првото полувреме, поради што резултатот беше 4:0. Антониј добил жестоки критики од Тен Хег кој му рекол повеќе да не го игнорира тоа што му го кажува.

Во еден момент, Далот дури беше забележан како мафта со рацете и му вели на Антони дека му треба поголема помош во одбраната, но очигледно Бразилецот не го интересираше тоа премногу.

Бразилецот беше нешто подобар и позабележителен во вториот дел и успеа да постигне гол за 4:1 во 56. минута, но тоа не им помогна премногу на „црвените ѓаволи“ во ова градско дерби.