Барселона повеќе нема да смета на услугите на Осман Дембеле. Ова го Матеу Алемани, извршен директор на клубот, откако напаѓачот одби да го продолжи договорот. Дембеле е исфрлен од тимот и се надеваат дека до крајот на зимскиот преоден рок, тој ќе биде продаден на друг клуб. Ако во јануари не го продадат, на лето ќе си замине како слободен играч.
-Разбираме дека одлуката на Дембеле е да не останува во Барселона. Ние веќе му соопштивме дека повеќе не сметаме на него. Сакаме само играчи кои се посветени на клубот и му кажавме на Дембеле дека треба да си замине што е можно поскоро“.
Инаку, Барселона во 2017-та година плати 140 милиони евра на Борусија Дортмунд за Дембеле, кој никако во изминатите години да се наметне со квалитетот, пред се поради бројните повреди.