Фиорентина по долга пауза забележа победа против екипата на Удинезе.
„Виолетовите“ пред своите симпатизери во Фиренца славеа победа над Удинезе со 2-1, со што ја прекинаа серијата од три натпревари без триумф во Серија А
Двата гола за Фиорентина ги постигна францускиот интернационалец Сирил Торо (28 и 57 минута), додека погодокот за гостите од Удине го постигна Бразилецот, Самир (72 минута).
Ова беше трета победа на Фиорентина која сега е 11-то рангирана со 10 бодови, додека Удинезе го претрпе и третиот пораз во осумте одиграни средби.