Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е само еден во низата познати личности кои зборуваат за Златната топка.
Воечерва во Париз се одржува церемонија на доделување на наградите во изборот на Франс Фудбал кој традиционално го избира најдобриот светски фудбалер. Овој пат во тесна трка се Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоргињо, Карим Бензема, Мохамед Салах …
Но, ако го прашате Алвеш, искусниот Бразилец кој неодамна се врати во Барселона, претпоставката е заслужена – Кристијан Ериксен. Данецот, потсетуваме, колабираше за време на Европското првенство минатото лето и се уште не му се вратил на фудбалот.
Беше член на Интер, но нема да се врати во Серија А, бидејќи има поставено дефибрилатор на срцето. Се на се, сега е најблиску до враќање во Ајакс за кој своевремено настапуваше.
„Мислам дека Ериксен ја заслужи „Златната топка“ оваа година поради тоа што го помина. Тоа би била силна порака за целиот фудбалски свет, луѓето би имале поголема чувствителност. Убаво би било за за сите ако Ериксен ја освоеше оваа награда“, изјави Алвеш.
„Ова беше прилика на младите да им се испрати пораката дека фудбалот е многу повеќе од златна топка, титула „најдобар“ или нешто друго. Ризик е секој пат да трчаме на теренот и во секој момент да се повредиме. Имав соиграчи кои загинаа играјќи фудбал. Кога ќе се случат такви работи, луѓето треба да имаат поголема чувствителност“, изјави Бразилецот.
Алвеш дојде до брилијантна идеја, но за жал тоа нема да се случи, барем не вечерва во Париз. Според сите најави, наградата по седми пат оди кај Лионел Меси.