Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас го спореди Карло Анчелоти со камелеон. Пред шпански АС ја анализира сегашноста на Белиот балет, квалификациите за полуфиналето на Лигата на шампионите и претстојното Ел Класико. Со градот Лос Анџелес како место, Касиљас призна дека би сакал да игра во МЛС.
„Анчелоти е тренер кој многу добро знае како да ја освои соблекувалната. Би го споредил и со камелеон кој знае како и кога да го смени тимот. Мислам дека е многу добро што Карло е во Реал Мадрид бидејќи знае како да ги прави работите навистина добро Тој е заљубен во градот и во Шпанија и клубот победува само со таков тренер“, смета Касиљас.
Според него, она што се случи во текот на неделата во Лигата на шампионите ќе влијае на Ел Класико, кое е вечерва.
⏱ Hay un día en el que todo se detiene y los minutos pasan más lentos…
🤩 El próximo 21 de abril vuelve el partido que lo eclipsa todo… ¡vuelve #ELCLÁSICO!
— LALIGA (@LaLiga) April 20, 2024
„Барселона доаѓа во Мадрид откако помина низ депресија, тага и гнев поради испаѓањето од Лигата на шампионите. Од друга страна, во Реал се на спротивниот пол – има еуфорија, енергија и самодоверба. Затоа, во моментов „лос ланкос“ се фаворити. Со победа тимот ќе ја запечати титулата, дури и реми ја остава Барселона со илузорни шанси“, пренесува Касиљас.
Тој признава дека не е љубител на МЛС, но би сакал да може да игра барем една година во САД.
„Не ја следам многу МЛС, но гледам дека нивото секоја година се подобрува и се повеќе играчи од Европа доаѓаат да играат овде. Примери се Бекам, Ибрахимовиќ, Чичарито, Бејл, Меси, Луис Суарез и Бускетс. Би сакал да се обидам и да живеам една година во Соединетите Американски Држави, би ми се допаднало“, признал голманот.
