Одбранбениот играч на Атлетико Мадрид, Диего Годин е пред трансфер во Интер. 33-годишниот Уругваец ќе го напушти мадридскиот клуб со статус на слободен агент.
Според „Ла Газета дело спорт“, Годин ќе потпише тригодишен договор со Интер со плата до 6,75 милиони евра по сезона.
Се забележува дека основната плата ќе биде четири милиони евра, преостанатиот износ е претставен во форма на бонуси.
Годин е фудбалер на Атлетико од 2010 година. Оваа сезона настапи на 37 натпревари постигна четири гола и забележа три асистенции.