ФУДБАЛ

Годините не му можат ништо: Ибрахимовиќ штотуку се опорави од повредата и веднаш постигна гол (ВИДЕО)

Милан и Лацио во моментов го играат натпреварот од третото коло во Серија А.

Милан успеа да поведе во 45. минута од натпреварот кога Леао погоди за 1:0 по одлична акција со Ребиќ.

Само неколку минути подоцна домашниот тим исто така доби пенал, но Кеси го промаши.

Во 61. минута, Златан Ибрахимовиќ влезе во игра, тој се опорави од повредата по повеќе од три месеци отсуство.

Само шест минути беа доволни за Златан да покаже каков мајстор е бидејќи постигна одличен гол за 2:0.

https://streamable.com/v0l4c1

 

ПОВРЗАНО

Серија А