Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерс турнирот во Мајами.
Во Индијан Велс, Новак неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.
„Мајами е тука, да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму“, изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.
Новак е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир ќе се игра од 20 до 31 март. Сега Ѓоковиќ се подготвува за земјена подлога, а прв на програмата треба да биде Монте Карло кој стартува на 7 април.
