Олимпискиот шампион Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати и нема да ја брани титулата од минатата година. Тоа значи дека ќе загуби 1000 поени на светскиот ранг.
Србинот реши да паузира по златниот медал од Олимписките игри, не грижејќи се за загубата на бодови што ќе го оддалечат од првото место во поредокот.
Следна цел на Ѓоковиќ е УС Опен каде ќе се обиде да ја освои 25. Грен слем титула во кариерата.
