Новак Ѓоковиќ, во поткастот “(НЕ) Успех на прваците“ откри уште еден интересен, но многу значаен момент од неговиот живот. Практично објасни, како на негови 12 години морал да созрее и да стане практично возрасен.
Тој вели дека неговиот татко еднаш ставил 10 евра на масата и рекол дека тоа е сè што имале:
-Во тој момент, тој татковски инстинкт се разбуди во мене дека морам да станам возрасен дури и на 12 години. Ја разбрав неговата порака, но и покрај сето тоа, тој беше подготвен, ме поддржа сто проценти и рече дека ќе создадеме пари, ќе создадеме услови, ќе создадеме што и да е. Ми рече, иако сега нема јасен пат, ние ќе го создадеме и само треба да ми кажеш – дали си подготвен за ова“, објаснува Ѓоковиќ.
Како што е познато кога растел Ѓоковиќ и ја почнувал својата тенисерска кариера биле во тек бурните деведесети години, пред се бомбардирањето на Белград од страна на НАТО. Во тоа време, освен од безбедносен аспект, животот бил тежок и од финансиска гледна точка.
