Новак Ѓоковиќ нема да игра на мастерсите во САД оваа пролет,па поради тоа може да падне од првото место на листата на АТП. Ѓоковиќ е прв со 7.160 поени пред Карлос Алкарас (6.780) и Стефанос Циципас (5.805).
Ѓоковиќ одлучи да се повлече од овие турнири, откако владата на САД донесе одлука да му забрани влез во државата поради тоа што не е вакциниран. Па, така тој ќе ги пропушти Индијан велс и Мајами.
Цицпас и Алкарас може да го симнат од тронот, односно првото место на АТП листата, доколку успеат да ги освојат овие турнири, односно ги добијат 12-те мечеви во низа. Сепак, колку ќе успеат во тоа останува да се види.
Сепак, за да се случи тоа, Ѓоковиќ треба да паузира во март и април, односно да не учествува на ниту еден турнир.
