ФУДБАЛ

Гол во гости повеќе нема да важи?!

Комитетот за натпревари при УЕФА изгласал повеќе во европските натпреварувања да не важи правилото гол на гости. Како што е познато многу екипи и покрај победата биле елиминирани, само затоа што противникот имал гол повеќе на гостински терен.

Сепак, за да почне примената на ова мора и Извршниот одбор да ја потврди одлуката. Но, според информациите и таму ќе помине, па се очекува од следната сезона правилото гол на гости да не важи.