Вечерва се одиграа првите натпревари од полуфиналето во Конференциската лига.
Голеада со пет гола на стадионот Де Куип во Ротердам, каде Феенорд го совлада Марсеј со 3:2.
Првата шанса домашните ја имаа во седмата минута кога Десерс шутираше од добра позиција покрај голот.
Една минута подоцна Диенг имаше шанса, но Марсијано одбрани. Во 14. Паје се обидува, но само покрај голот.
Казна за двете пропуштени шанси на Марсеј доаѓа во 18. минута. Десерс погоди за 1:0. Гостите не се ни созедоа од шокот, а Синистера погоди за 2:0 и голем шок за францускиот тим.
Сепак, Марсеј успеа да се врати на полувремето. Најпрво Диенг ја намали предноста на домашните во 28. минута, а Жерсон пет минути пред одморот подигна една одбиена топка и погоди за 2:2.
Отворањето на второто полувреме е како ноќна мора за Марсеј. Еден дефанзивец на гостите прави голема грешка, го користи Десерс и погодува за, подоцна ќе испадне конечни 3:2.
Во продолжение Марсеј имаше шанси преку Паје и Салиба да дојде до израмнување, а Десерс можеше да постигне хет-трик во 76. минута, но Манданда беше на висината на задачата.
Марсеј имаше одлична шанса во 90. минута да израмни и целосно да го отвори мечот во реваншот, но Марсијано неверојатно го одбрани ударот на Паје.
Можеше да им се одмазди како компензација кога Манданда повторно ја спаси работата, а во шанса имаше Јаханбахш.
Гледавме добар натпревар и на Кинг Пауер каде Лестер и Рома одиграа 1:1.
Стрелец на голот за водство на Рома беше Пелегрини во 15. минута, а Лукман израмни за Лисиците во 67. минута од натпреварот.
До крајот и двете екипи Лестер преку Ихеанах и Рома преку Оливеира имаа шанса да поведат и да победат, но се ќе биде решено во реваншот на Олимпико.
Реванш натпреварите се закажани за 5 мај, односно следниот четврток.