Министерството за внатрешни работи на Франција денеска соопшти дека се уапсени 68 лица, а на 39 им е одреден полициски притвор, поради инцидентот што се случи непосредно пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите.
Почетокот на натпреварот Реал Мадрид – Ливерпул беше закажан за 21 часот, но финалето почна речиси 40 минути подоцна поради немилите сцени на влезот на стадионот.
Дојде до судир меѓу навивачите и полицијата, која се обидуваше да ја контролира толпата која сакаше по секоја цена да влезе на трибините, иако неколку илјади од нив немаа ни билети.
На крајот полицијата уапсила 68 лица, од кои 39 се оставени во притвор на дополнителен разговор.
Реал го доби натпреварот со резултат 1:0 и со тоа по 14-ти пат ја освои Лигата на шампионите.