ФУДБАЛ

Голем ден: Суарес имаше посебна посвета под дресот

Луис Суарес ја доведе Барселона до голема победа над мадридскиот Реал во „Ел Класико“

Каталонците го победија големиот ривал со 5:1, а уругвајскиот напаѓач постигна хет-трик во овој дуел.
Лионел Меси во 2014 година постигна три гола во најголемото дерби на шпанскиот фудбал, а Суарес од 1994 година е единствениот играч на каталонскиот тим, на кој тоа му успеа после Ромарио.

Хет-трикот дојде во вистинскиот момент и головите во „Ел Класико“ Суарес ги посвети на новородениот син Лаутар.

Под дресот Луис имал маица на која имало слика од неговите три деца и стоела порака: Добредојде Лаути!

Сосема е сигурно дека Уругваецот многу добро ќе се сеќава на овој „Ел-Класико“.