Реал Мадрид објави дека играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени заработил стресна фрактура на стапалото на левата нога, поради што ќе биде надвор од теренот во следните два месеци.
„По извршените тестови на нашиот играч Аурелиен Чуамени од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, констатирана е нецелосна стресна фрактура на втората метатарзала на левото стапало. Се очекуваат понатамошни случувања“, се вели во соопштението на Реал Мадрид .
Ова е многу тешка вест за Чуамени, но и за Реал Мадрид. Французинот се наметна како неприкосновен стартер по несигурната дебитантска сезона во шпанската престолнина. Неговото дефанзивно присуство беше клучно во формацијата на Анчелоти, а Реал ќе го има само Едуардо Камавинга како чист дефанзивен играч за врска кој може да го замени Чуамени во таа формација.
Чуамени треба да се врати веднаш по божиќната пауза, иако ќе му биде важно да остане трпелив и правилно да се опорави од оваа непријатна скршеница.
