Ромелу Лукаку игра променливо, но оваа сезона е одличен, на 18 натпревари досега постигна дури 11 голови, постигнувајќи гол на секои 136 минути во текот на сезоната.
Се разбира, неговото време не помина, а своите вештини би можел да ги покаже во наредниот период во – Саудиска Арабија.
Интерес за неговите услуги веќе подолго време има од Арапскиот Полуостров, а тој наводно ја прифатил понудата.
„Веќе им кажав на навивачите на Рома дека заминувањето на Лукаку е сигурно. Што се однесува до Јувентус, тоа тешко ќе успее, бидејќи Лукаку веќе кажа „да“ на милионската понуда од Саудиска Арабија “, изјави Фабио Сантини, новинар.
Лукаку има 30 години, се уште е член на Челзи со привремен ангажман во Рома на Жозе Мурињо.
Неговиот договор со Рома, односно договорот за позајмица е до крајот на сезоната, но Челзи очигледно има опција за продажба во текот на оваа сезона и Рома нема прашања околу тоа.
