ФУДБАЛ

Голем удар за Холандија во пресрет на почетокот на ЕУРО

Само три дена не делат од почетокот на Европското првенство во фудбал, кое ќе се игра во 12 градови низ Стариот континент.

Селекторот на холандската репрезентација, Франк де Бур, пред неколку дена го објави списокот на патници на ЕУРО и ќе мора да прецрта едно име.

Холандските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони Ван Де Бик, се здобил со повреда поради која ќе го пропушти Европското првенство.

“Можам да потврдам дека Де Бик нема да биде достапен за ЕУРО. Треба само да додадам дека потоа нема да повикам никого”, рече Де Бур.

Претходно, тој ги вклучи следниве фудбалери на списокот:

Голмани: Јаспер Цилесен, Тим Крул, Мартен Стекеленбург.

Одбрана: Патрик ван Аанхолт, Нејтан Аке, Дејли Блинд, Дензел Дамфрис, Матијас де Лихт, Јурин Тимбер, Жоел Велтман, Стефан де Вриј, Овен Вијндал.

Среден ред: Рајан Грејвенберх, Френки де Јонг, Дејви Класен, Теун Копмајнерс, Мартен де Рун, Георгинио Вијналдум.

Напад: Стивен Бергуис, Мемфис Депај, Коди Гакпо, Луук де Јонг, Донијел Мален, Квинси Промс, Вит Вегорст.

Оваа вест е добредојдена за македонските фудбалери кои во последното коло од групата Ц во Амстердам ќе играат токму против Холандија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky Sports (@skysports)

Ова ја продолжи неволјата за младиот Холанѓанец, кој оваа сезона се бори со повреди во Јунајтед. Во својата дебитантска сезона на „Олд Трафорд“, тој настапи на само 19 натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Холандија ќе го отвори ЕУРО на 13 јуни со натпревар против Укра. со кои се уште се во групата.