ФУДБАЛ

„Голем удар за Ливерпул, сезоната треба да се прогласи за неважечка“

Поради коронавирусот, Ливерпул може да остане без титулата која ја чекаше 30 години, иако ги делат само две победи од титулата во Премиер лигата.

Потпретседателот на Вест Хем Јунајтед, Карен Брејди, рече дека сезоната во Премиер лигата треба да се прогласи за неважечка заради коронавирусот.

„Не можеме да го избегнеме тоа, фудбалот во Англија минува низ најлошиот период во последните 75 години“, изјави таа за „The Sun“ и додаде.

„Премиерлигата се надева дека по три недели ќе можат да го продолжат првенството, но ова може да биде само сон. Тогаш, што ако првенството не може да заврши? Единствената правилна и разумна работа што треба да се направи е неважечка целата сезона. Голем удар за Ливерпул бидејќи може да им ја украдат првата титула која ја чекаа 30 години“, заврши Карен Брејди.

Таа рече дека за ова и за сè друго ќе се разговара следната недела со Премиерлигата и сите клубови и да се донесе конечна одлука.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига