Македонскиот најдобар автомобилист Игор Стефановски Иџе имаше одличен старт на новата сезона. Во генералниот пласман на ридските трки во Франција заврши на третото место, а победи во првата трка возена на истата патека. За овој шампионат се пријавени дури 190 натпреварувачи а меѓу нив и Иџе како единствен Македонец.
По трката Иџе напиша:
-Голема победа на голем празник, само еден може да биде број 1!
