ДРУГИ СПОРТОВИ

Голема драма во последните неколку стотини метри на маратонот, на крајот Сифан Хасан постави олимписки рекорд, трет медал за неа на ОИ во Париз (ВИДЕО)

Холандската атлетичарка Сифан Хасан направи неверојатен подвиг и го освои златото на Олимписките игри во маратон со нов олимписки рекорд. Хасан, која е родена во Етиопија пред 31 година, а под холандско знаме настапува од 2013 година, истрча 42 километри за 2 часа, 22 минути и 55 секунди и постави нов олимписки рекорд во маратон, кој претходно го држеше Етиопјанката Тики Гелана (2:23:07).

Таа во последните неколку стотина метри водеше голема битка со Тигст Асеф и на крајот беше побрза од светската рекордерка за три секунди. Бронзата ја освои Хелен Обири од Кенија со време 2:23:10.