ФУДБАЛ

Голема шлаканица за фудбалската ѕвезда: Беше на чекор од Сити, а потоа Гвардиола прекина се

Ново бурно лето за Нејмар.

 

По пет години, Бразилецот би сакал да го напушти ПСЖ, како и сопствениците на клубот, но нема клубови кои можат да ги исполнат неговите финансиски барања.

Според француските медиуми, Пари Сен Жермен му го понудил Јужноамериканецот на Манчестер Сити, во зделка во која би бил и Португалецот Бернардо Силва, но тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола се спротивставил.

 

Иако сопствениците на Сити беа воодушевени што Нејмар му се приклучи на клубот, Пеп Гвардиола беше жестоко против доаѓањето на играчот. Познато е дека тренерот на каталонците е многу специфичен за тактичката дисциплина, токму тоа му недостига на Нејмар, особено во последните сезони.

Нејмар често е критикуван во Франција дека заборавил да работи во фазата на одбрана, а кога на теренот се играчи како Лео Меси и Килијан Мбапе, кои пак не даваат Бог знае каков ефект во одбраната, сето тоа изгледа многу лошо.

 

Значи, Пеп Гвардиола не сака да прави компромиси за својата филозофија.

 

Тој го гради тимот во Манчестер Сити, главно според неговите тактички потреби. Доколку дојде во Сити, Нејмар би можел да го наруши целиот механизам на тимот, пишува „Ле Паризиен“.

 

Можна дестинација за Нејмар би можел да биде Њукасл, кој има финансии, но не е во склад со амбициите на Нејмар.

 

„Сан“ забележува дека Њукасл сака да го искористи хаосот во ПСЖ и подготвува неодолива понуда за Нејмар. Шеик е подготвен да му исплати плата на Нејмар од 500.000 евра неделно, со трансфер од околу 200 милиони евра.